Ријана, кралица на образованието

Rihanna

Ниедна пејачка на денешницата не поттикнала толку луѓе да го изучуваат англискиот јазик како младата пејачка од Карибите.

Според последното истражување кое беше спроведено од „Kaplan International Colleges“, најголемата организација за изучување на англискиот јазик, Ријана е број еден музичар кој ги мотивира луѓето да се ангажираат да го дознаат значењето на нејзините стихови.

Спроведена е студија на 1213 испитаници на кои англискиот јазик им е туѓ, од кои дури 52% одговориле дека учеле англиски само за да ја разберат Ријана. За споредба, Кејти Пери инспирирала 8% а Бијонсе само 7%.

Сепак, целосно гледано на истражувањето, најинспиративна личност за изучување на англискиот јазик денес е Барак Обама.

- Реклама -