Ријана го „затресе“ задникот во хотелската соба (Видео)

Ријана е навикната да биде во центарот на вниманието, па очигледно тоа не се менува ниту кога не е на сцената. Имено, пејачката која во моментов се наоѓа во Париз очигледно лудо се забавува, а притоа нејзините проводи ги споделува и со фановите кои ја следат на социјалните мрежи.

Неодамна таа сподели две видеа, од кои едното привлече особено внимание благодарение на нејзиното вулгарно танцување, каде тресењето на задникот е ставено во фокусот. Ријана очигледно добро се забавува додека останатите ја бодрат и гледаат како таа танцува, и тоа ниту помалку ни повеќе туку на песна на Дрејк, за кој е општо познато дека е ривал со нејзиното поранешно момче Крис Браун. Се поставува прашањето дали Ријана намерно танцува токму на оваа песна или станува збор за необична коинциденција?

Прочитајте и:  Три хороскопски знаци кои премалку се грижат за своето здравје

http://youtu.be/6ae5ke4YOPI

Погледнете го и второто видео каде Рири ја покажува љубовта кон микрофонот дури и кога не и е дел од работните ангажмани.

http://youtu.be/LhkhTknNOlM

- Реклама -