Ријана ги откри своите планови со Крис Браун: Ќе имаме деца

И покрај сите неодобрувања од јавноста на нивната врска, Ријана открива дека би сакала да има деца со Крис Браун, кој во 2009 година физички ја нападна пред доделувањето на Греми наградите.

Во најновото интервју за ELLE UK, Ријана ги откри плановите за основање на семејство со Крис.

„Песната Stay е приказна за имање љубов и желба таа љубов да трае вечно. Го немате тоа чувство со секого и затоа кога го имате не сакате да го пуштите. Ќе кажам дека дефинитивно тој (Крис Браун) е оној со кој имам таква врска“, рекла Ријана за априлското издание на британскиот магазин ELLE.

riri1

Во врска со критиките дека е лош пример за жените од нејзина генерација затоа што се смири со Крис, 25-годишната Ријана објаснува:

„Сега кога сме возрасни може да го поправиме тоа. Имаме свеж почеток и сум многу благодарна за тоа. Сега, тоа е се што сакаме, прекрасно цврсто пријателство“.

riri2

За објавувањето на приватните фотографии на Инстаграм вели:

„Објавувам на Инстаграм се за мојот живот, без разлика дали се тоа фотографии на кои пушам марихуана, од стриптиз клуб, додека ја читам Библијата – лудо, нели? или фотографии со мојот најдобар пријател, односно со Крис. Сите сакаат да знаат што се случува во мојот живот. Дали е зависничка од дрога? Не. Дали е алкохоличарка. Не. Дали е жртва? Не. Затоа истетовирав пиштол. Тој е симбол на јачината. Никогаш нема да бидам жртва. Поради тоа објавувам фотографии на кои пушам марихуана, за да ја кажам вистината за себе“.

riri3

Ријана признава дека има само една личност од која се плаши во животот, а тоа е нејзината мајка.

„Ми се јави пред два дена и ме искара за две голи фотографии што Мелиса (нејзината најдобра пријателка) ги објави на Инстаграм. Мајка ми полуде“.

Ријана позираше пред фотографот Мариано Вивакано во парчиња гардероба од Maison Martin Margiela, Louis Vuitton и Givenchy.

- Реклама -