Рибата која лови на копно

060410-9Зоолозите пронашле извонредна риба која може да излезе од Африканските тропски мочуришта и да го најде својот оброк на земја.

060410-9
кликни на сликата
да го погледнеш видеото
 
Зоолозите пронашле извонредна риба која може да излезе од Африканските тропски мочуришта и да го најде својот оброк на земја.
 
Јагулата-сом, Channallabes apus, својата жртва ја фаќа со тоа што се издолжува напред, заробувајќи го инсектот за потоа да го вшмука. Овој трик го изведува благодарејќи на својот еластичен врат подржан од специјализиран р'бет што овозможува да движи без потребата од перки или раце кои ќе ја подржуваат главата.
 
Научниците шпекулираат дека можеби овој ист трик бил користен пред многу милиони години од првите животни кои стапнале на копното.
- Реклама -