Резултатите од изборите ќе бидат познати најдоцна два часа по завршувањето на гласањето. Тогаш веќе се очекува Државната изборна комисија да има значаен број обработени податоци, најави портпаролот на ДИК – Адмир Шабани.
Како што објасни, резултатите се очекуваат во 23 часот бидејќи, согласно процедурата, по завршувањето на гласањето во 21 часот треба да се пополнат обрасци, а потоа ќе започне електронската дистрибуција на податоците до ДИК.
На овие избори, први во услови на пандемија, гласањето траеше 2 часа подолго наместо вообичаеното времетраење до 19 часот, поради протоколите против ширење на Ковид-19.