По конкурс
кој траеше 45 дена со повеќе од 50 примени дизајни, конечно успеавме
едногласно да го прогласиме победникот, односно дизајнерот на нашето
ново лого.
По конкурс кој траеше 45 дена со повеќе од 50 примени дизајни, конечно успеавме едногласно да го прогласиме победникот, односно дизајнерот на нашето ново лого.
Победник на конкурсот за лого на 365.com.mk и добитник на наградата од 3000 денари е Жарко Радосиновиќ – студент од филолошкиот факултет на катедрата по руски јазик.
Како што ни напиша, Жарко покрај рускиот јазик во слободно време се занимава со дизајн, а повикот да креира лого за сајтот кој дневно го посетува бил вистински предизвик за него. Тој ни испрати неколку варијанти на логото, а една од нив е поставена подолу.
Според него, логото го отсликува 365.com.mk и неговата современа содржина, со мал маус во контурите на тројката кој треба да асоцира на интернет, сурфање, забавна содржина, компјутер и сл.
Воедно, би сакале да им се заблагодариме на сите што учествуваа и пратија свои креации на конкурсот.
Им препорачуваме на ониe што не успеаја овојпат да не се обесхрабруваат.
Наскоро ќе следи нов конкурс за дизајн на 365 маичка!
365.com.mk