Резников: Тенковска контраофанзива е можна во април или мај

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, во интервју за естонската телевизија сугерираше дека Украина може да почне офанзива во април или мај, во која ќе се користат тенковите испратени од Западот.

Тој наведе дека тенковите „Леопард“ од германско производство, што почнаа да пристигнуваат во Украина, ќе бидат дел од контраофанзивата според одлуката на Генералштабот.

„Ќе зависи од најдобриот момент. Ќе зависи од временските услови… Мислам дека ќе видиме тенкови во текот на следните два месеци. Мислам на април и мај“, посочи Резников.

МИА

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат
- Реклама -