Резников: Ќе продолжиме со напади врз мостот Керч и Крим, како легитимни цели

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска изјави дека Украина ќе продолжи со нападите кон привремено окупираниот Крим и на мостот Керч.

Во интервју за Си-Ен-Ен, тој кажа дека „сите овие цели се легитимни“, бидејќи нивното гранатирање ќе ја намали способноста на Русите да се борат против Украина и ќе помогне да се спасат животите на Украинците, пренесуваат украинските медиуми.

„Нормална тактика е да ги уништите логистичките линии на вашиот непријател за да ги спречите да добијат повеќе муниција, гориво, храна и слично. Затоа ќе ја користиме оваа тактика против нив“, рече Резников на прашањето дали целта на Украина е трајно да го оневозможи мостот.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

Зборувајќи за тоа дали Украина планира да нападне руски бродови во Црното Море како одговор, Резников рече дека Украина има потенцијал.

„Имаме оружје, како што беше случајот со крстосувачот ‘Москва’, и ако ни се закануваат во Црното Море, ќе мора да одговориме“, рече тој.

МИА

- Реклама -