Револуционерен „течен молив“

течен моливДали некогаш при пишување со пенкало сте направиле грешка која сакате да ја поправите, но за жал не можете. Најлогичното решение би бил коректор, но страница исполнета со коректор не изгледа убаво. Можете да почнете и од почеток, но тоа значи дополнителна работа. Sharpie најпосле создаде револуционерно решение.


Дали некогаш при пишување со пенкало сте направиле грешка која сакате да ја поправите, но за жал не можете. Најлогичното решение би бил коректор, но страница исполнета со коректор не изгледа убаво. Можете да почнете и од почеток, но тоа значи дополнителна работа. Sharpie најпосле создаде револуционерно решение.

течен моливKомпанијата Sharpie ги спои трајноста на пенкалото и можноста за поправање на моливот во нивниот нов производ наречен „течен молив“. Во ова пенкало наместо стандардно мастило има течен графит. Три дена откако ќе напишете нешто со течниот молив, можете да го бришете со обична гума за бришење, по што напишаното останува трајно, како кај сите пенкала.

Интересен трик. Ова пенкало ќе започне да се продава следниот месец и неговата цена ќе биде слична со онаа на обичните пенкала. Единствена лоша работа кај ова е што пенкалата сѐ помалку се користат, што значи дека овој производ ќе беше многу покорисен пред десетина години. [Introducing The NEW Sharpie LIQUID PENCIL]

- Реклама -