Ретроспективна изложба на Александар Кондев

Националната галерија на Македонија (НГМ) организира ретроспективна изложба на фотографии на Александар Кондев која беше отворена синоќа, 4-ти ноември, во 20 часот во Чифте амам, а ќе трае до 22 ноември.

kondev

Фотографско творештво на Александар Кондев (1950) е нераскинливо сврзано со пробивите на современата фотографска мисла кај нас и дека тој денес е безмалу единствениот претставник на генерацијата македонски фотографи кои ја осовременија македонската фотографија, кои во 1970-тите и 1980-тите внесоа поинаква естетика и нови хоризонти во третманот на оваа уметност.

– Неговото безмалу педесетгодишно присуство во македонската фотографија едновремено е и важно сведоштво и за вкупниот развој на фотографијата кај нас, а неговото фотографско творештво се вбројува меѓу највисоките дострели на македонската фотографија од втората половина на минатиот век до денес, соопшти организаторот на изложбата.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Куратор на проектот е Златко Теодосиевски.

- Реклама -