„Ретроспектива“ изложбата на ликовниот уметник Даме Затуровски, вчеравечер е отворена во Центарот са култура во Струга. Таа е дел на плодно творештво на авторот кое трае повеќе декади. Се работи за седумдесетина дела изработени во пастел и други техники.
„Неговиот академски реализам е претставен преку мотиви на на мртва природа, пејзажи како и портрети во делата, инспирирани од родната Струга“, се посочува во најавата за изложбата.
Даме Затуровски е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1993 година. Тој е дипломиран правник. Зад себе има преку 11 самостојни изложби. Учесник е на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија и надвор. Познат е и по изработката на макети на стари бродови и верски објекти, чии фотографии исто така ќе бидат изложени.
Изложбата ќе е отворено и во текот на следната недела од 19 часот.