Monaco Grand Prix е Формула 1 трката што се одржува секоја година во Монако, а датира уште од 1929 година. Се смета за една од најважните и најпрестижните во светот, и заедно со Indianapolis 500 и 24 Hours Le Mans го формира „светото тројство“ на трките во мотоспортот.
ВО 1933, Монако беше рангирана рамо до рамо со француското, белгиското, италијанското и шпанското Гран При. Тоа беше првата Гран При трка каде стартните позиции беа одредувани според времето постигнато на тренинзите, наместо воспоставениот метод на влечење ждрепка. Во таа трка, Акиле Варзи и Тазио Нуволари неколкупати се менуваа на челната позиција, за во последниот круг победата да му припадне на Варзи, откако моторот на Нуволари се запали.
![Monaco-1933-664x1024[1]](http://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2016/06/Monaco-1933-664x10241.jpg)
И денес трката се одвива на тесната патека на улиците на Монако, со многу варијации во елевацијата и тесни корнери и тунел, што ја прави веројатно трка која бара најмногу умешност во Формула 1. И покрај релативно малата просечна брзина, Монако е опасно место за трка и таму често се гледа безбедносното возило. Монако е единственото Гран При што не го задоволува инаку задолжителниот минимум на тркачка дистанца пропишан од ФИА – 305 километри.

1964: Победи Грахам Хил, кој ја однесе победата и претходната година, во 1963.

1967: Победи Дени Хулме од Нов Зеланд.

1971: Победи Џеки Стјуарт, а тоа беше втората од неговите три победи.


1975: Првата од двете победи на Ники Лауда

1979: Победи Jody Scheckter. Возеше Ферари.


1958: Победи Французинот Морис Тринтињант. Неговиот брат Луис исто така беше тркач, но загина на тренинг во 1933.

1934: Победи Французинот Гај Мол за Алфа-Ромео.

1952: Победник беше Виторио Марзото, со Ферари.

1956: Победи Стирлинг Мос, првата од три победи.

1970: Победи Јохен Риндт, за Лотус-Форд.

1931: Победи Луис Чирон, за Бугати (ви текнува на Bugatti Chiron?)

1988: Победи Алан Прост, за Мекларен. (Најлошиот постер на трката. Воопшто не ја доловува брзината)

1986: Последната од трите победи на Алан Прост.

1965: Третата од петте победи на Грахам „Мистер Монако“ Хил.

1966: Првата од трите победи на Џеки Стјуарт, за BRM.

1968: Четвртата победа на Грахам Хил во Лотус-Форд.

1930: Победник беше Рене Драјфус од Бугати.

1936: Победи Рудолф Карачола, за Мерцедес.




