Кога автомобилите се појавија на улиците, сообраќајната култура и прописи беа уште во пелени. Паралелно со напредокот на автомобилите и сé поголемата опасност од сé поголемата нивна брзина, се забрза и воведувањето на строги сообраќајни прописи.
Но пред тоа, сликата на улиците беше хаотична како што и ја замислувате – истовремено се движеа автомобили, пешаци, велосипеди, запрежни коли влечени од коњи, трамваи влечени од коњи, јавачи на коњи, електрични трамваи…
Оваа снимка, направена во 1906 година во Сан Франциско од трамвај во движење, совршено доловува како тоа изгледало во еден град од таков калибар. Се работи, воедно, и за најстарата откриена „dashcam“ (камера за во кола) снимка.
Интересно е и како знаеме дека снимкава е направена пред 1906-та. Таа година Сан Франциско е погоден од земјотрес со моментална магнитуда од 7.8 степени и максимален (екстремен) интензитет по Меркалиевата скала. Како резултат на земјотресот, како и пожарите што ги предизвикал, 80% од градот бил уништен, а загинале повеќе од 3.000 луѓе. Ако видеово беше поново од 1906-та, ќе гледавме само руини.