Покривите на високите згради се идеално место за базени или ВИП ресторани. Погледнете ги најубавите ресторани на покриви, кои имаат прекрасен поглед, добра кујна и неверојатна атмосфера:
Ресторанот 360 е на врвот на зградата CN Tower во Торонто. Од прозорецот ќе гледате поглед од височина од 351 метри. Понекогаш чувството е како да си над облаците!
Sirocco се наоѓа на покривот на 63-тиот кат на Вangkok State Tower. Тоа е ресторан на хотелот Lebua hotel. Сервира средоземноморска кујна, во комбинација со џез музика.
Ресторанот Georges се наоѓа на покривот на Centre Pompidou. Глетката кон светлата на Париз е неверојатна.
Juvia сервира француска, јапонска и перуанска храна си поглед кон Мајами. Има подвижен покрив, кој што се составува при лошо невреме.
На 38-иот, последен кат на Mandarin Oriental Tokyo се наоѓа Sushi Sora. Тука се служи суши, а има капацитет за 8 клиенти.
100-катната Kingkey 100, е осмата највисока зграда во светот. На последните 28 спрата се наоѓа хотелот St.Regis. Ресторанот Елба се наоѓа на 99-тиот кат и сервира италијанска храна.
Ресторанот Ku Dé Ta е дел од комплексот Marina Bay Sands во Сингапур. Сервира азиска храна.
Atayeb се наоѓа на покривот на хотелот Yas Viceroy во Абу Даби. Има поглед кон патеката за Формула 1 и е многу популарен. Внатре се служи медитеранска и арапска кујна.
Една од најубавите глетки кон Рим е од Ristorante Aroma, кој се наоѓа во Hotel Palazzo Manfredi. На зима тој е обвиткан во стакла, но на лето е целосно отворен.