Ресторан во кој никогаш не го добиваш нарачаното

Еден од главните „first world“ проблеми е кога келнерот нема да ти го донесе тоа што си го порачал. Е па, еден јапонски ресторан проработи баш на тој принцип.

Се работи за „Ресторанот на погрешни нарачки“ кој пробно ги отвори вратите во Токио од 2 до 4 јуни. За да не се случи да го добиете нарачаното, келнерскиот персонал е составен исклучиво од лица со деменција.

Целта е да се промени перцепцијата кон луѓето кои патат од оваа болест, и да се развие емпатијата и разбирањето кај останатите.

Блогерката Мизухо Кудо, на пример, пишува дека го посетила ресторанот и порачала хамбургер, а добила „gyoza“ кнедли. И била воодушевена, ем од искуството, ем од кнедлите.

Прочитајте и:  За да го намалите ризикот од деменција, ограничете ја консумацијата на еден вид пијалок

Планот е да се отвори уште еден ваков „pop-up“ ресторан во септември, за да се одбележи Светскиот ден на Алцхајмеровата болест.

Од друга страна, ова звучи како идеално место за сите што се неодлучни во нарачките и често посакуваат да можат на келнерот да му речат: „Донеси ми нешто. Било што“.

- Реклама -