Во 2014-та, дел од Кинескиот ѕид бил „реставриран“. Од икс причини, јавноста тоа го забележа дури деновиве. А има што да се види – му ја расплакале мајката.
Реставрацијата на 700 години стариот Кинески ѕид изгледа вака: посипан слој од бел цемент…
Кинезите се бесни. Експертите уште побесни. „Ова е толку лошо одработено што веројатно можете да го видите и од вселената“, пишува СиЕнЕн.
Директорот на здружението за заштита на Кинескиот ѕид – Донг Џаохуи, вели дека реставрацијата е изведена „многу лошо“: „Упропастен е оригиналниот изглед и од народот е одземен важен дел од историјата“.
Коментарите на интернет, како и секогаш, креативни:
„Добро што ‘Афродита од Милос‘ не се наоѓа во Кина, бидејќи ќе и додадеа рака“.