Специјална смеса која би се користела наместо класичен бетон, би можела да спречи поплави во населените места.
Компанијата Тармац има генијален изум. Станува збор за подлогата TopMix Permeable која што впива неверојатни 4.000 литри вода за една минута и би можела да го замени класичниот бетон.
Најчувствителни места на поплава се населените места, а тука водата нема што да ја впие. Меѓутоа, TopMix би можел да го реши проблемот.
Видео снимката која што се наоѓа во прдолжение покажува како оваа замена за бетон впива 4.000 литра вода за 60 секунди.