Мистеријата на првата забележана експлозија на ѕвезда е решена – 2000 години по забележувањето на античката супернова. Кинески астрономи во 185 година биле првите кои ја забележале мистериозната „ѕвезда гостин“ која ненадејно се појавила во небото и останала таму цели осум месеци.
Но дури во шеесетите години од овој век научниците сфатиле дека оваа ѕвезда гостин, наречена RCW 86, всушност била првиот документиран пример на супернова – ѕвезда која се соочила со насилен, експлозивен крај. Тие исто така откриле дека таа е поголем од вообичаено остаток од супернова, одалечен 8000 светлосни години. Секоја светлосна година е еднаква на речиси 10 трилиони километри.
Како експлозијата на ѕвездата успеала да помине толкаво растојание е прашање на кое научниците немаа одговор, сè до сега. Фотографии од вселенскиот телескоп Спицер на NASA и неговиот Wide-field Infrared Survey Explorer (WISE) откриле дека ѕвездата експлодирала во регион од вселената кој речиси нема гас и прав. Ова значи дека експлозијата можела да патува многу побрзо и подалеку, според истражувачите.
„Овој остаток од супернова станал многу голем, многу брзо“ вели Брајан Вилијамс, астроном од Државниот Универзитет од Северна Каролина во Ралеј, кој стои зад студијата објавена во Astrophysical Journal. „Тој е два до три пати поголем отколку што очекувавме од супернова која била видена пред речиси 2000 години. Сега најпосле успеавме да ја откриеме причината.“
Ѕвездата е од таканаречениот Тип Iа супернова предизвикана од мирната смрт на ѕвезда слична на нашето Сонце. Ѕвездата прво се смалила во густо бело џуџе пред да го привлече материјалот од друга ѕвезда и пред да експлодира во супернова. „Бело џуџе е како жар кој тлее во догорен оган“ рекол Вилијамс. „Ако турите бензин врз него, тогаш ќе има експлозија.“ [Scientists solve riddle of first supernova ever detected by man… 2000 years ago]