Почнавте да пробувате комбинација за вечер за во град и сфаќате дека новите чевли ве стегаат. Ви се чини дека кога сте ги купиле не биле толку тесни, а сега мислите дека со нив тешко ќе издржите цела вечер. Еве како да го решите проблемот:
Алкохол
Помешајте еднаква количина на вода и алкохол и со овој раствор испрскајте ја внатрешноста на чевлите и истријте ја. Потоа облечете дебели чорапи и околу половина час шетајте по дома во нив.
Фен
Грејте ги чевлите со фен околу една минута за да омекне кожата, па потоа обујте ги со дебели чорапи и шетајт додека чевлите не се оладат. Овој совет важи само за кожни обувки.
Замрзнувач
Наместо греење може да примените ладење. Наполнете ќеса за замрзнување со вода, ставте ја во чевлите, а потоа ставете ги во замрзнувач. Водата ќе се претвори во мраз и на тој начин ќе ги рашири чевлите.
Компир
Излупете компир со средна големина и ставете го во чевлите и нека отстојат неколку часа. Тесните чевли потоа ќе ви бидат пошироки и попријатни за носење.