Рељиќ ја доби олимписката шампионка за противничка во првото коло

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ немаше среќа на денешната ждрепка на Олимписките игри во Париз.

Македонката за ривалка во првото коло ја доби двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија.

– Британката Џеј Џојсон е олимписка шампионка и носителка на многу медали од големи натпреварувања, но тоа не ме обесхрабрува, ми дава уште поголем мотив да ја победам, па да стигнам и до медал, изјави македонската таеквондистка.

Борбата ќе се одржи утре околу пладне. За Рељиќ ова ќе биде деби настап на Олимпијадите.

Прочитајте и:  Ѓоковиќ сака да настапи на ОИ 2028
- Реклама -