Рекреирајте се со SportyPal и следете ги резултатите на вашиот мобилен

sporty_originalSportyPal e бесплатна спортска апликација за мобилен телефон, поточно апликација коja овозможува подобро искуство додека џогирате, шетате, возите велосипед или ролерки, скијате (било каков тип на движење)…

SportyPal e бесплатна спортска апликација за мобилен телефон, поточно апликација коja овозможува подобро искуство додека џогирате, шетате, возите велосипед или ролерки, скијате (било каков тип на движење)…

original

Aпликацијата ја користи GPS технологијата за добивање на сателитска слика од патеката по која се изведува вежбата, истовремено собирајќи разни податоци за: поминато растојание, брзина, потрошени калории, надморска височина, вкупно време, темпо на трчање…

IMG_0111

mainscreen

На кратко, сè што би сакалe да знаете за вашето вежбање, за да можете следниот пат да ги подобрите своите резултати.

Во зависност од мобилниот телефон мапирањето може да се извршува и во реално време. SportyPal е единствената мултиплатформска апликација за вежбање во светот, и е достапна за iPhone, Android, Windows Mobile, Java, RIM Blackberry. SportyPal не е само мерач на вашите постигнувања. Тој, исто така, ви овозможува и да ги споделите резултатите од вашите вежби со пријателите, но и со луѓе од целиот свет што имаат исти интереси како вас.

На вашиот кориснички профил на веб страницата на SportyPal имате можност да ги гледате и анализирате сите резултати и статистика, или да се креирате некој интересен графикон со податоци за да можете да ги споредувате вашите резултати и достигнувања.

detailsa

Тука се и дополнителните опции за поставување на “Goals” -за одредено време да истрчате/извозите одреден број на километри, “Records” – вашите најдобри достигнувања… Апликацијата е поврзана и со Facebook и Twitter, по секоја завршена вежба ќе имате можност да ја поставите на овие и други социјални мрежи.

IMG_0071

08

Квалитетот на апликацијата ја докажува и добиената награда во категоријата Android фитнес апликација за 2009 www.androidnetworkawards.com. Сега, SportyPal има околу 60.000 корисници oд целиот свет, кои меѓу себе ги споделуваат своите искуства и информации на www.sportypal.com/community.

setubal

За да го користите SportyPal, треба да имате мобилен телефон со поддршка за GPS, да отидете на страницата www.sportypal.com и да ја преземете апликацијата од download. Понатаму сè што ви преостанува е да се препуштите на спортскиот дух на SportyPal и да се впуштите во уривање на рекордите!

Ова се само дел од можностите што ги нуди „SportyPal“, прва во светот мултиплатформска апликација за вежбање наменета за мобилни телефони што ја изработи македонската групација „CreationPal”.

- Реклама -