Рекордна изградба на хотел во Кина (видео)

кинеска изградбаДодека САД и Кина се борат за титулата економски џин, Американците можеби би сакале да го погледнат ова сведоштво за продуктивноста на кинеската работна сила. Во Чангша, град во централниот дел на јужна Кина, градежници успеаа да подигнат хотел со 15 спрата за само шест дена. Може да се замисли дезориентираноста на граѓаните кои не поминале во тој дел од градот во текот на изградбата.

Додека САД и Кина се борат за титулата економски џин, Американците можеби би сакале да го погледнат ова сведоштво за продуктивноста на кинеската работна сила. Во Чангша, град во централниот дел на јужна Кина, градежници успеаа да подигнат хотел со 15 спрата за само шест дена. Може да се замисли дезориентираноста на граѓаните кои не поминале во тој дел од градот во текот на изградбата.

кинеска изградба

Градежниците го изградиле хотелот – кој е опремен со звучна и термо изолација и наводно може да издржи земјотрес со магнитуда од 9 степени – користејќи префабрикувани елементи. Со други зборови, елементите кои претходно биле целосно составени во фабрика, биле донесени на локацијата, каде што група работници ги составиле за да го изградат новиот хотел. И покрај неверојатната брзина со која бил изграден хотелот, и непрекинатата работа, ниту еден работник не бил повреден, а поради префабрикуваните елементи, многу малку материјал бил фрлен.

{youtube}Ps0DSihggio{/youtube}
Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
- Реклама -