Французинот Тег Крис поставил нов светски рекорд откако успешно прескокнал 29 метри пред Базиликата Свето Срце во Париз. 35 годишникот се спуштил по рампа долга 150 метри а по успешниот скок слетал на воздушна перница. Неговиот прв скок бил 28,4 метри (претходниот рекорд бил 24 метри) а вториот скок бил 29 метри.
{youtube}8CJURZ5HAs4{/youtube}