Корисниците на Фејсбук по којзнае кој пат се побунија против критериумите за тоа што е дозволено, а што не, на социјалната мрежа. Пак е забранета реклама, и пак со глупо образложение.
Се работи за реклама со жена што се бричи. За разлика од вообичаените реклами во кои обично жената лежи во када со сапуница и бричењето на ногата (со супермазна и сјајна кожа) е претставено како крајно сензуален и секси чин, оваа оди во друг правец, комичен и неграциозен – впрочем, како што и изгледа бричењето во реалноста.
Сепак, Фејсбук ја забрани рекламата со образложение дека е „премногу возрасна“, бидејќи поради цензурираната голотија е класифицирана како „сексуална“ содржина.
Маркетинг компанијата зад рекламата – FFS (Friction Free Shaving), се разбира, не е задоволна. Велат дека баш тоа им било поентата, да направат нешто поразлично од претерано гламурозните, сексуализирани и нереалистични реклами за бричење.
Рекламата:
Во меѓувреме, FFS го заобиколија проблемот со Фејсбук така што објавија друго видео, во кое практично објаснуваат дека рекламата им е забранета и ги покануваат луѓето да ја гледаат на нивниот сајт.