Рекламата на Dove има за цел да ја открие универзалната вистина за жените.
Dove продолжува со своите видеа наречени „Скици за вистинска убавина“ со видео кое потенцира зошто жените бегаат и се срамат од камерите и од својата убавина.
Луси Атлеј, бредн директор на Dove UK & Ireland, вели: „Dove сака да им помогне на жените да го вратат чувството кое го имале кога биле млади и бестрашни пред камерата, прифаќајќи ја својата сопствена убавина без резерва и да ја преточат таа лекција на девојка во нејзиниот живот.“