Создаден начин за регенрирање на срцевиот мускул

Би можел да постои поедноставен пат до заздравување од срцев удар. Научници од Медицинскиот Центар од Дјук Универзитетот откриле начин за претварање на оштетените ткива кои се резултат на срцев удар во здраво мускулно ткиво со што не би била потребна трансплантација на матични клетки.

За да го постигнат ова истражувачите вовеле микроРНК во клетките на оштетеното ткиво кај жив глушец. Овие стврднати клетки, наречени фибробластоми, се јавуваат како резултат на срцев удар и ја попречуваат способноста на органот да пумпа крв.

МикроРНК, молекули кои ја одредуваат активноста на неколку гени, успешно ги манипулирале овие клетки да се претворат во клетки кои изгледаат како кардиомиоцитите од кои е составен срцевиот мускул.

Иако е потребно дополнително истражување ова откритие ветува многу за милионите луѓе кои страдаат од срцеви болести. Но истата процедура би можела да има апликација и на други места. Ако работи за срцето во теорија би можело да помогне и во регенерацијата на ткивата во мозокот, бубрезите и други органи.

По првите успешни тестови на оваа техника истражувачите планираат да ја тестираат на поголеми животни. Ако и тие бидат успешни ќе следуваат и тестови на луѓе по што би можело да се создаде практична апликација до крајот на оваа деценија. [Scar tissue turned into heart muscle without using stem cells]

- Реклама -