Редовното конзумирање алкохол може да ве заштити од ревматски артритис и болките кои се поврзани со него. Тоа бил резултатот на студија спроведена во Велика Британија.
Редовното конзумирање алкохол може да ве заштити од ревматски артритис и болките кои се поврзани со него. Тоа бил резултатот на студија спроведена во Велика Британија.
Луѓето кои не пијат алкохол имаат четири пати поголеми шанси да добијат ревматски артритис од оние кои пијат во десет или повеќе дена месечно. А кај оние пациенти кои веќе боледуваат од артритис, оние кои пијат алкохол имаат поблаги симптоми од оние кои не пијат.
Научниците сè уште не знаат што ја предизвикува оваа болест, но познато е дека кај оние кои боледуваат од ревматски артритис, имунолошкиот систем ги напаѓа зглобовите. „Знаеме дека алкохолот ја намалува активноста на имунитетот, и мислиме дека тоа е причината за ова дејство во однос на ревматскиот артритис“ вели Џејмс Максвел, автор на студијата „Исто така, алкохолот може да има и благ ефект на ублажување на болката.“
Студијата опфатила 873 пациенти кои боледувале од ревматски артритис и 1004 луѓе кои не покажувале симптоми на болеста. На сите им биле извршени прегледи на зглобовите, земени примероци од крв и рентген снимки. Потоа биле прашани колу често пиеле во претходниот месец.
Кај оние што пиеле почесто сите резултати биле поповолни. Овие наоди се совпаднале со претходна студија извршена во Скандинавија според која конзумацијата на алохол го намалува ризикот од ревматски артритис за 40 до 50 проценти. Сепак Максвел вели дека би требало да се изврши уште една студија, со поголем број на луѓе и во подолг временски период пред да може да се даде дефинитивен заклучок. [Drinking Alcohol Regularly Cuts Risk of Arthritis, Study Finds]