4 причини зошто редовно да пиете чај

Векови наназад чајот се употребувал за разни состојби и до ден денеска се употребува без прекин. Причините зошто тоа е така е бидејќи луѓето од многу одамна ги откриле придобивките на чајот.

Чајот штити од инфаркт

Редовното конзумирање чај ќе помогне да се подобри циркулацијата и да се одржи здравјето на срцето. Конзумирајте секој ден по 1-2 шолји чај.

Чајот дава издржливост

Повеќето чаеви содржат антиоксиданси кои ќе ви помогнат при физички напор и интензивно вежбање. Зелениот чај несомнено помага за зголемување на физичката издржливост.

Чајот штити од УВ зрачење

Чајот не е само за во зима. Овој факт го потврдуваат истражувањата кои докажуваат дека чаевите, особено зелениот, ја штити кожата и целото тело од УВ зраците.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Чајот ги намалува невролошките проблеми

Полифенолите кои можат да се најдат во чајот помагаат да се намалат невролошките проблеми, телото да функционира подобро, а вие да се чувствувате одлично.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -