Редно беше: Нокаут објавија нов албум по 13 години

Иако никој не го оспорува квалитетот на песните и на групата Нокаут, навистина беше чудно тоа што со години се појавуваа како гости на секоја можна манифестација во земјава, секогаш со истиот репертоар и иста популарност, никогаш не се распаднаа, а никако да објават нов албум, иако навистина одамна требаше да го направат тоа, со оглед на бројот на настапи во земјава.

Сепак тие конечно го промовираа својот нов албум, насловен „ Три“, на кој што се наоѓаат 17 композиции, а истиот ќе се продава од 4. јули.

Тие на промоцијата не го заборавија ни нивниот најблизок колега, прерано починатиот Ацо Конга, а добија поддршка од бројни имиња од музичката естрада како  Тони Зен, Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Влатко Илиевски, браќата Тавитјан, Кире Колемишевски.

„Бевме на работ да се „распаднеме“, во 2005-та година, но со „Лебедот бел“ работата тргна на добро, изјави Пере.

Групата летово ќе направи турнеја низ земјава.

Фото: Макфакс

- Реклама -