Редит бара Мајкрософт да плати за да може да ја пребарува платформата

Откако постигна договори со Гугл и OpenAI, извршниот директор на Редит, Стив Хафман ги повика Мајкрософт и остнатите компании да платат доколку сакаат да продолжат да го користат неговиот сајт за собирање податоци за тренинг на вештачка интелигенција.

„Без овие договори, ние немаме влијание или знаење за тоа како се прикажуваат нашите податоци и за што се користат, што нè става во позиција сега да ги блокираме луѓето кои не биле подготвени да прифатат како ние сакаме нашите податоци да се користат или да не се користат“, рече Хафман во интервју оваа недела. Тој конкретно ги именуваше Мајкрософт, Антропик и Пеплексити за одбивањето да преговараат, велејќи дека е макотрпна работа да се блокираат овие компании.

Редит ја ескалира својата борба против алатките кои собираат податоци изминатите месеци. На почетокот на јули, неговата датотека robots.txt беше ажурирана за да ги блокира веб-роботите со кои нема договори. Тогаш луѓето почнаа да забележуваат дека резултатите на Reddit се видливи само во резултатите на Google – од каде што Reddit добива пари за прикажување на неговите податоци – а не во другите пребарувачи како Bing.

Хафман рече дека Мајкрософт ги користи податоците на Редит за да ја обучи својата вештачка интелигенција и да ја сумира неговата содржина во резултатите на Бинг „без да ни каже“ и дека податоците на Редит исто така се продаваат преку Bing API на други пребарувачи. Во интервјуто, тој се повика на неодамнешниот коментар на извршниот директор на Мајкрософт ВИ, Мустафа Сулејман на конференција дека јавните податоци на интернет се „бесплатни“.

Прочитајте и:  Мора да инвестираме во образование и регулација за ВИ да не нѐ остави на улица

„Мајкрософт, Антропик и Перплексити се однесуваа како целата содржина на интернет да е бесплатна. Таква беше нивната позиција“ вели Хафман.

Одговорајќи зошто веќе ги нема резултатите од Редит при пребарување на Bing, од Мајкрософт одговорија дека Редит го блокирал Bing од пребарување на нивниот сајт, фаворизирајќи друг пребарувач и влијаејќи врз конкуренцијата.

Хафман укажа на неодамнешната објава на OpenAI за SearchGPT, која ќе може да ги прикажува резултатите на Reddit благодарение на договорот што двете компании го постигнаа претходно оваа година, како модел што тој сака да го реплицира. Според портпаролот Тим ​​Ратшмит, ниту еден од договорите за лиценцирање на содржината што Редит ги има направено досега не вклучува случаи на ексклузивна употреба за неговите податоци.

Со повикување на договори за лиценцирање, Редит им се придружува на повеќе традиционални медиумски издавачи во барањето плаќање за да им се дозволи на нивната содржина да ја храни генеративната вештачка интелигенција.

Извор: The Verge

- Реклама -