На Селта им беше потребен еден бод за да влезат во Примера, а на Кордоба еден бод за да обезбедат плејоф, разигрување за пласман во елитата. Па така, двете екипи одиграа натпревар без ниту еден удар кон двата гола.
Иако беше јасно дека двата клуба ќе одиграат како што им одговара, сепак, тоа го направија многу провидно. На натпреварот немаше ниту еден удар кон кој било од головите, ниту еден конкретен шут, ниту пак корнер, за случајно да не биде растурено почетното реми. Немаше ниту еден офсајд, а статистичарите пресметаа дека имало вкупно 1591 додавање.
Тоа е „нула“ – на шпански начин. Во Италија тоа се прави малку пософистицирано, со оглед на тоа што одамна ги имаат специјализирано „нулите“. Една од екипите постигнува погодок, најчесто во првиот дел, има и по некој жолт картон на двете страни, добра глума, а потоа во вториот дел екипата што губи стигнува до израмнување.
Објавено во соработка со Екипа.