Реал ремизираше кај Лас Палмас


Актуелниот шпански и европски фудбалска првак Реал Мадрид, ремизираше 1: 1 на гостувањето кај Лас Палмас натпреварот од третото коло на новиот шпански шампионат.

Молеиро во 5. минута ги доведе домашните во водство, а израмни Винисиус во 69. минута кога реализираше пенал.

Реал сега има пет бода, додека Лас Палмас е на два.

Претходно во четвртокот Осасуна, загуби на гостувањето кај Жирона со убедливи 0:4 (0:1). Головите за Жирона ги постигнаа Гил (34), Циганков (53), Руиз (56) и Стуани (90). Двата тима сега имаат по четири бода.

- Реклама -