Седум работи што му се случуваат на телото, откако ќе се напиеме пиво.
Дознајте кои процеси се случуваат во телото, откако ќе се напиете од овој пијалок.
Газираните пијалоци и алкохолот имаат значајно влијание врз нашиот организам, а неодамна беа објавени податоци за деталните промени во организмот, откако пивото во текот на 24 часа било внесено во нашиот крвоток.
Кога консумираме пиво, тоа после 5 минути навлегува во крвотокот и веднаш делува врз мозокот и мускулите. Во текот на следниот час, телото го регистрира пивото како отров и се обидува да го отстрани.
Ако се најадеме обилно пред пиење, на тој начин ќе го обложиме нашиот желудник и алкохолот нема да навлезе толку брзо во крвта, бидејќи е во тек апсорпцијата на храна.
Женскиот организам го прифаќа алкохолот побавно од машкиот, бидејќи машкиот има повеќе мускулно ткиво. Мускулното ткиво има поголем процент на вода, која што го разредува алкохолот, а жените имаат помалку енизми кои го разградуваат пијалокот.
Пенастиот пијалок, како шампањ, може да предизвика набрзо да го почувствуваме влијанието на алкохолот поради меурчињата кои го притиснуваат желудникот, па така го форсираат алкохолот побрзо да навлезе во крвта.
Ако сте љубител на пивото, треба да ги знаете овие 7 работи.
Неколку минути по пивото
Алкохолот после консумација патува до желудникот каде се апсорбира во крвотокот , па стигнува до мозокот и мускулите.
После 10 минути
После 10 минути, телото го препознава алкохолот како отров и не сака да го складира, односно се обидува да го разгради и што побрзо да го отстрани од организмот.
После 15 минути
Желудникот започнува да го разградува алкохолот за да го исфрли од организмот и притоа започнува да произведува енизми кои го претвораат алкохолот во други хемиски соединенија.
Тоа претворање вклучува и ацеталдехид, многу отровно соединение, кое е виновно за мамурлакот следниот ден.
Алкохолот се претвора во ацетатна киселина и вода, а со понатамошно разградување во масна киселина и вода, кое телото ги прифатило. Ако пиеме повеќе отколку што може да поднесе нашиот црн дроб, тогаш ќе се опиеме.
По 20 минути
Почнуваме да чувствуваме општи симптоми на делување на алкохолот, главата ни е полесна и препловени сме со среќа.
По 45 минути
Делувањето на алкохолот е големо.
По 60 минути
Имаме потреба да одиме до wc бидејќи алкохолот е диуретик, па бубрезите го насочуваат пијалакот директно во мочниот меур, па мораме често да уринираме и поради тоа дехидрираме. Ако престанеме да го пиеме се чувствуваме уморно или поспано, а ако одиме да спиеме тоа е лошо за нас, затоа што телото е дехидрирано.
По 12 до 24 часа
Кога ќе се разбудиме најверојатно ќе чувствуваме симптоми на мамурлак: главоболка, вртоглавица, жед, бледило и симптоми кои укажуваат на дехидратација. Причината за тоа е што нашето тело се уште се бори со алкохолот кој се наоѓа во нашиот организам.