Најостра осуда за вандалското и недолично однесување на малата група пред конзулатот на Република Северна Македонија во Мелбурн, изрази Владата во реакцијата за протестот пред македонскиот конзулат, каде беа палени грчкото и бугарското знаме, но и макети од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска.
„Ваквите дејствија го нарушуваат имиџот на земјата, на македонскиот народ и на граѓаните на Северна Македонија во очите на демократската јавност.
Говopoт на oмpaза е одлика на едно минато и напуштено време на кое мнозинството од граѓаните во земјава и дијаспората се спротиставија и кое е неприфатливо за домашните и глобалните демократски стандарди.
Говopoт на омpaза поттикнува нacилство, а сите кои потпалуваат нетрпение и конфликти треба да одговараат пред надлежните институции.
Палењето знамиња на држави и макети од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, не се никаква одлика на патриотизам ниту пак се слика за нашата дијаспора. Овие срамни изолирани дејствија нема да наштетат на гордоста да се биде Македонец или граѓанин на нашата земја, дома или надвор од границите на Република Северна Македонија“, се вели во реакцијата.