Океј, океј, сите родители исто си ги сакаат децата, ама да не се лажеме, после три од едниве, нормално е да сакаш едно од другите. Радоста на татково зборува сé што треба да се каже. Хајлајт е кога ќе се раздере: „Конечнооо! Машко е!“.
Малку бекстори од сопругата, откако интернет почна да мрчи зашто рекол „конечно“, па не си ги сакал ќерките, па бла бла…
„И јас бев подеднакво изненадена од тоа ‘конечно’. Во текот на целата бременост кога го прашуваа ‘Целиш ли на машко?’, тој секогаш одговараше ‘Не, 4 женски!’, бидејќи не сакаше ќерките да се почувствуваат несакани, па… кога извика ‘Конечно!’ бев многу изненадена. Му реков дека не знаев дека сака машко толку многу, а неговиот одговор беше ‘Ни јас!’. Тоа што го гледате овде е чиста емоција. Тој е прекрасен татко и си ги сака ќерките, едноставно беше тотално изненаден…
… И патем, во изминативе 9 години во семејството ни се родија 20 женски, па ‘Конечно!’ е и соодветната реакција. 😂“