Разочарани и во солзи, ама пак си го собраа ѓубрето (галерија)

Водеа со 2-0, па примија 2 брзи гола за Белгија да изедначи на 2-2. Кога се очекуваше последниот свиреж да означи продолженија, во 94-та минута доживејаа и молњевита контра во околу 10 секунди за целосен пресврт и победа на Белгија.

Им беше тешко, не веруваа, плачеа, се простија од првенството во Русија, ќе треба да ги пакуваат куферите…

И пак, и покрај сé, прво си го собраа ѓубрето од трибините. Секоја чест за Јапонците.

- Реклама -