Ова сезона во тренд се моливчињата за очи во разни бои.
Златната нијанса одлично им прилега на дамите со потемен тен, бидејќи делува гламурозно, зелената се препорачува со браон сенка, а со сребрените тонови би требало да се внимава умерено.
Брендот Lancome промовираше тренд за шминкање на очите на француски начин, со бело моливче. Така се постигнува заводлив и блескав поглед, кој често говори повеќе од зборови. Тенкиот и флексибилен врв овозможува да се повлече совршена линија, од нежна до интензивна.
Синото моливче одлично се комбинира со браон, сина и зелена сенка. Доколку го сакате оној прочуен „фатален“ поглед, најдобар ефект ќе постигнете со класично и црно моливче за очи.