Размислувате за заеднички живот? Мора да разговарате за ова

Веќе некое време сте во врска и двајцата сте задоволни.

Размислувате за заеднички живот. Меѓутоа, ако се двоумите за било која од следниве работи, подобро е да го одложите тој голем чекор барем на некое време.

Многу парови се одлучуваат на овој голем чекор затоа што сакаат да ја подигнат врската на повисоко ниво и да го продолжат односот во брак или вонбрачна заедница. Меѓутоа, ако еден од вас смета дека е поекономичен начин на живеење и размислува само за тоа како ќе ги поделите сметките, тогаш нема потреба да се брзате. Разговарајте и дознајте кои се вистинските намери на вас и на вашиот партнер.

Што кога ќе посакате да бидете сами со себе?

Кога ќе почнете заедно да живеете не можете веќе само така едноставно да ги соберете работите и да отидете во вашиот стан затоа што сакате да бидете малку сами. Мора да знаете да го делите заедничкиот простор и да се договорите околу тоа кој ќе остане во дневната соба, а кој ќе отиде во спалната да помине некое време сам со сопствените мисли.

Домашни задолженија и одговорности

Разгварајте за тоа како го замислувате заедничкиот секојдневен живот. Зборувајте за теми како готвење, чистење и отстранувањето на отпадот. Иако може ви се чини како ситници, тоа се секојдневни работи кои можат да се претворат во сериозни проблеми, ако не ги исполнуваат очекувањата.

Сметки и финансии

Договорете се дали сакате сè да делите на половина, или само едниот од вас ќе плаќа кирија и сметким а другиот храна и други продукти за домаќинството. Освен тоа, мора отворено да разговарате и доколку веќе имате кредити кои сте ги подигнале пред влезот во врската.

Зошто токму сега?

Дали на заеднички живот се одлучивте затоа што тоа го прават вашите пријатели или сметате дека вашата врска дојде до одредена точка по која треба нешто да се смени? Тоа никако не се добри причини за соживот со партнерот. Размислете дали сакате навистина да го делите животниот простор со партнерот или тоа го правите затоа што мислите дека тоа би требало да го направите.

 

Доколку се двоумите за било кое од овие прашања, најдобро е почекате малку подолго. Раскинувањата и така се тешки, а по заедничкото живеење е дури и потешко.

- Реклама -