Разликите меѓу социјалните мрежи објаснети со една крофна

Оваа фора кружеше во разни форми по интернет уште пред некоја година, но ете, во меѓувреме некој ја присвоил и ја ставил во учебник по сајберпсихологија (да, има таков предмет). Иако денес е малку outdated, примерот со крофната прилично солидно ги опишува разликите во однесувањето на корисниците во зависност од тоа на која социјална мрежа ѝ припаѓаат.

Значи вака:

• Твитер: „Јадам крофна“
• Фејсбук: „Ми се допаѓаат крофни“
• Foursquare: „Тука јадам крофни“
• Инстаграм: „Еве една винтиџ фотографија од крофна“
• YouTube: „Еве сум како јадам крофна“
• LinkedIn: „Една од моите вештини е јадење крофни“
• Pinterest: „Еве рецепт за крофни“
• Last FM: „Моментално слушам крофни“
• G+: „Јас сум вработен на Google кој јаде крофни“

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

Reddit има свои предлози:

• Reddit: „Само што изедов крофна. Прашајте ме било што (АМА)“
• YouTube: „Здраво дечки, денес ќе јадам крофна. Не заборавајте да кликнете like и subscribe!“

- Реклама -