Разликата меѓу паркур и freerunning

паркур

Она кога во акционите филмови, како во Казино Ројал, тој што бега се прекачува преку пречки и скока и слетува од страшни висини со грациозност на мачка – тоа е и паркур, и фриранинг (freerunning) на дело. Двете дисциплини се слични, но не се исти. Главната разлика е, па, во мајндсетот.

Паркурот е развиен од воените тренинзи на совладување пречки. Паркурот е трчање, нишање, скокање и качување од точка А до точка Б – на најбрзниот можен начин. Фриранингот, пак, е сличен, но дава повеќе акцент на онаа фенси страната на паркурот, со фенси салта и стилски акробации. Со други зборови, фриранинг е како уметнички паркур, кој се фокусира повеќе на уметноста на движењето и креативното движење во околината, објаснува блогот KKParkour.

Во основа, паркурот е „попрактичниот“ дел од пентарењето. Воедно е и ефикасен начин на развивање на фитнесот на телото, бидејќи развиваш координација, баланс и општа цврстина и сила на телото, и сето тоа додека се забавуваш и учиш нови корисни движења.

Ако се решиш на паркур или фриранинг, најважно е да не очекуваш дека ќе бидеш добар од сам старт и да не правиш вакви глупости, притоа викајќи „паааркууур!“.

- Реклама -