Раул: Бејл е извонреден, но многу скап

Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалез разбира зошто ’Кралевите’ сакаат да го ангажираат Герет Бејл но вели дека цената на Велшанецот е превисока.

Топ тема на медиумите ова лето е преселбата на Герет Бејл на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид е подготвен да плати преку 100 милиони евра и да го сруши светскиот трансфер рекорд со цел да го ангажира играчот на Тотенхем.

Но ’Спарси’ не се откажуваат лесно од услугите на репрезентативецот на Велс, и на помалку од две недели до крајот на летниот преоден рок, двата клуба сеуште се далеку од постигнување на договор.

Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалез вели дека ја разбира желбата на ’Кралевите’ да го ангажираат Герет Бејл, но верува дека цената на фудбалерот е превисока.

„Бејл е извонреден играч и ќе биде одлично засилување за Реал Мадрид” – рече Раул.

„Ја разбирам желбата на Реал Мадрид, бордот на директори работи напорно за да го состави најдобриот можен тим”.

„Но неговата цена е превисока. Тотенхем бара многу повеќе пари од она што играчот реално вреди”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -