Раст на „Н-видиа“ поради ВИ

Бизнисот на американскиот производител на чипови и софтвер, „Н-видиа“ е петкратно поголем благодарение на нагорниот тренд на вештачката интелигенција.

– Следната индустриска револуција почна! Многу компании и земји соработуваат со „Н-видиа“ за да ги префрлат традиционалните центри за податоци од трилиони долари на забрзано пресметување и да изградат нов тип на центри за податоци – погон со ВИ, за да направат нов производ – ВИ!, рече главниот извршен директор на „Н-видиа“, Јенсен Хуанг.

Минатото тримесечје, прометот бил 262 отсто повисок од претходната година – на 26 милијарди долари. Цената на акциите, пак, во одредени мигови порасна за 5 отсто во американското тргување по работното време во средата. „Н-видиа“ најави и зголемување на дивидендата.

Прочитајте и:  Си: Вештачката интелигенција не смее да биде игра на богатите земји и луѓе

Со обрт од 22,6 милијарди долари, технолошкиот бизнис на бази за податоци беше дури пет пати поголем отколку во истото тримесечје од претходната година. Така, кварталната заработка на „Н-видиа“ скокна од нешто повеќе од 2 милијарди долари на речиси 14,9 милијарди долари во рок од една година.

Развиени првично за графички картички, технологиите на „Н-видија“ одамна ја докажаа својата вредност во компјутерската работа вклучена и во апликации со ВИ.

- Реклама -