„Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање“, велат од МВР, откако вчера попладне на Сашо Мијалков му се изгуби трагата, откако Судот му одреди мерка куќен притвор, во пресрет на петочната пресуда во случајот „Таргет-Тврдина“.
Од МВР потврдуваат дека за Мијалков е распишана национална потерница, но ќе го бараат и со меѓународна:
„Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница“, велат од Министерството за внатрешни работи.