Расел триумфираше за двојна победа на Мерцедес на трката за ГН на Белгија


Екипата на Мерцедес дојде до двојна победа на трката за ГН на Белгија која се возеше на култната патека „Спа“ откако Џорџ Расел го освои првото место и ја доби битката против тимскиот колега Луис Хамилтон кој заврши на втората позиција.

Интересно беше до самиот крај откако во последниот круг Хамилтон имаше напад кон Расел, но лидерот се одбрани и ја заврши трката како прв.

Третото место на подиумот му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен.  Четврти заврши Чарлс Леклерк од Ферари, а потоа следува актуелниот шампион Макс Верстапен, Ландо Норис, Карлос Сајнц, Серхио Перез, Фернандо Алонсо и Естебан Окон кои добија бодови од оваа трка.

- Реклама -