Расел: Хамилтон е најдобриот Ф1 возач, и во еднакви болиди тој би се борел за титулата

Пилотот на Вилијамс, Џорџ Расел, е уверен дека Луис Хамилтон ќе се бори за титулата во 2022 година и ќе може да победи со еднакви болиди.

„Сите со нетрпение ја очекуваме следната сезона. Тркачите сакаат болидот да стане поцврст, а најдобрите да победат. Навистина мислам дека Луис е најдобриот возач бидејќи јас бев во Мерцедес и знам како работи.

Мошне често, најдобрите возачи завршуваат во најдобрите тимови. Ако сите болиди беа исти, тој сепак ќе се бореше за титулата. Нема сомнение за тоа. Мислам дека дури и тој би бил среќен со поотворено првенство“, изјави Расел.

Џорџ го сподели своето мислење и за поранешниот колега од Мерцедес, Естебан Окон, кој му ја донесе првата победа на Алпин неодамна на ГН на Унгарија.

„Во клучните моменти, тој често е таму каде што е потребен. Има многу возачи во Формула 1 кои заслужуваат да победуваат на трки или да се борат за победи секоја недела. Естебан е еден од нив. За жал, сега многу луѓе ја немаат оваа можност, но одлично е што понекогаш покажуваме брзина, и ова не е само шоу на Луис и Макс“, додаде Расел.

Од 2022 година болидите ќе бидат конструирани според нови прописи со цел намалување на разликите на преформансите и обезбедување порамноправна борба на тимовите.

МИА

- Реклама -