Напаѓачот на Лечестер, Леонардо Улоа го обвини тренерот на својот клуб дека го изневерил и дека никогаш повеќе нема да заигра за шампионот на Премиер Лигата.
Аргентинецот кој минатата сезона на 33 натпревари постигна 6 гола, по мизерните изданија на клубот оваа сезона на твитер напиша:
With all respect for LCFC FANS.
I feel betrayed by Ranieri and let down by the club. I will not play again for them…— Jose Leonardo Ulloa (@Ciclone1923) January 30, 2017
Инаку Улоа има уште 18 месеци до истекот на договорот, а пред некој ден изјавил и за Скај Спортс дека е најисфрустриран поради тоа што клубот не сакал да ги земе предвид понудите за него од другите клубови.
Изјави и жалење поради ваквата ситуација најмногу бидејќи токму во овој клуб ги поминал најубавите години од неговиот живот.
Thanks to all the fans at LCFC. Two wonderful years but I need to feel like a footballer again.
— Jose Leonardo Ulloa (@Ciclone1923) January 28, 2017