Range Rover се пушти по екстремна ски-патека

rover

Во стилот на легендарниот специјалист за спуст Херман Маер, специјално „спакуван“ Range Rover Sport се спушти низ патеката во Мурен, Швајцарија.

По успешниот напад на пустината Руб-ал Хали (најголемата песочна и втората по големина пустина во Сахара) во 2013 година, единствената каскада по мост од хартија, најголема изградена конструкција од LEGO врз новата изведба Discovery и уште неколку други, сега од Land Rover ни го претставуваат најновото импресивно достигнување, каде главен лик е претставник на брендот.

Спуст од стартот до целта на надморска височина од 2.170 метри, со падини до 75% и брзина од над 150 km/h. Toa беше упешно поминато од Range Rover Sport при спуштањето по патеката Inferno во Мурен, Швајцарија.

Зад управувачот на автомобилот бил професионалниот автомобилски тркач и каскадер Бен Колинс, кој успеал да ја помине стазата од 14,9 километри за 21 минута и 36 секунди.

- Реклама -