Рамстор се вклучува во помошта за поплавите во Србија и Босна

Рамстор Македонија се вклучи во големата акција за помош на Србија и Босна, преку донација на 250 ќебиња и со откупување на 50 билети за хуманитарниот концерт кој ќе се одржи на 22 мај во Скопје.
Билетите за концертот ќе бидат донирани на Црвениот Крст на Македонија,  кој понатака ќе ги подели на социјално-загрозените семејства и лица со хендикеп.
Ќебињата исто така се донирани на Црвениот Крст кој ќе ги испрати во земјите на кои во моментов им е потребна голема помош.

Рамстор Македонија важи за компанија која несебично постојано организира и се вклучува во хуманитарни акции кои имаат за цел да им помогнат на оние на кои им е најпотребна помош и поддршка.

10379080_10152411086755979_931841366_n

- Реклама -