Започнува најголемата распродажба во градот !
„Правиме чистка вадиме се надвор” е добро познатиот концепт на Гараж сејл кој минатата година предизвика вистинско шопинг лудило во градот.
Најголемото шопинг лудило во Скопје во организација на Рамстор Мол и оваа година започнува на 20.08 и ќе трае се до 27.08.2014 година.
Љубителите на намалувањата, акциите и распродажбата на претстојниот Гараж Сејл благодарение на трговскиот центар и брендовите во него, добиваат неверојатна можност своите омилени парчиња облека, накит, обувки да ги набават со екстремно ниски цени со попуст до 85%.
“Вториот Гараж Сејл очекуваме повторно да ги исполни очекувањата на нашите посетители кои ќе уживаат купувајки на попуст. Kaко и претходната година, правиме вистинска чистка и ги вадиме сите производи кои се на попуст надвор пред продавниците во трговскиот. Нашата цел е да им овозможиме на верните потрошувачи на Рамстор Мол едно поинакво шопинг доживување”, велат претставници од Рамстор.
Покрај големите попусти и распродажбата во продавниците од трговскиот центар и маркетот кој што е лоциран во самиот трговски центар ќе учествува со разновидни производи по исклучително ниски цени.
Новина во овогодинешниот Гараж Сејл е музичкиот дел во кој свој настап на 20.08 во 18 часот ќе има бендот Eye Cue, a на 22.08 во истото време, присутните ќе добијат можност да уживаат и во настапот и музиката на Марко и Logout.
Рамстор Мол Ве поканува накратко да избегате од секојдневието и да уживате во едно поинакво шопинг доживување. „Паркирај се“ во Рамстор Мол и уживај во попустите до 85%.