Во пресрет на матурите, Рамстор Мол по втор пат ја организира кампањата Твоја Матура – Наш Стилист преку која ќе им помогне на матурантите да ја одберат својата совршена матурска комбинација.
Овој пат во соработка со стилистката Биљана Ѓоргиовска Анѓушев, матурантите ќе бидат поблиску до својот блескав матурски изглед.
Правилата се едноставни. Рамстор Мол ги повикува сите матуранти од земјава да се приклучат на Фејсбук апликацијата ТВОЈА МАТУРА – НАШ СТИЛИСТ која е активна од 20 до 26ти Април и да дадат најкреативен одговор на прашањето: Кој е твојот матурски стил?
Најкреативните ќе влезат во изборот на десет матуранти кои ќе добијат можност да се запознаат и да добијат стилски совет од познатата модна дизајнерка, а воедно ќе добијат и до 50% специјално матурско намалување на брендовите во Рамстор Мол од кои тие заедно со Ѓоргиовска Анѓушева ќе изберат парчиња гардероба со која ќе заблескаат на матурската ноќ.
Изборот на матуранти ќе биде објавен на 27ми Април, а средбата со стилистот ќе се одржи на 28ми и 29ти Април во Рамстор Мол.
Повеќе информации за кампањата, погледнете во видеото.